НОВИ МАРКЕТИ И ХОТЕЛ ВО КАВАДАРЦИ – ЈАНЧЕВ НАЈАВУВА ПОГОЛЕМА КОНКУРЕНЦИЈА И РАЗВОЈ
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, на седnица на Советот најави дека во наредниот период се очекува отворање на повеќе нови маркети во градот, што ќе донесе зголемена конкуренција и ќе влијае на стабилизирање на цените на основните производи.

Јанчев нагласи дека, во завршна фаза е Лидл, додека Спар планира отворање на два маркети. Дополнително, Кам веќе обезбедил нова локација за нов објект. Јанчев посочи дека е потпишан договор и за изградба на Веро маркет заедно со Џамбо, како и дека Рамстор ќе отвори свој објект во Кавадарци.
Во меѓувреме, домашните маркети Дијана, ТД-ТД и Минекс продолжуваат со проширување на своите капацитети. Дополнително, најавено е и отворање на хотел под брендот Холидеј Ин во склоп на Мала Америка во Кавадарци, што се смета за значаен чекор во развојот на локалната економија и туризмот.
Градоначалникот нагласи дека зголемената конкуренција веќе влијае врз цените, а општината бележи стабилен развој со приходи од комуналии и данок на имот. Според него, ваквите трендови придонесуваат и за одржување на пониски цени на недвижностите во градот.