
Конечната ранг листа на кандидати кои го положиле завршниот испит е објавена од страна на академијата за судии и јавни обвинители. Барлет Џафери синот на собранискиот спикер е рангиран на 42 -то место од 57 положени кандидати. Тој ги исполнува условите за да конкурира за јавен обвинител.
Антикорупциска ја обелодени аферата поврзана со правосудниот на Џафери.Откриле и уште 450 уверенија со несоодветен степен на образование.
Лидија Спасовска ќерката на обвинителката во државното обвинителство,ќерката на Гордана Смаќоска од Обвинителството за организиран криминал, како и синот на Катица Јанева , Елизабета Јосифоска се останатите кои го положиле испитот.
На конечната ранг листа на положени кандидати е и снаата на генералниот секретар на Собранието, Цветанка Иванова, како и сопругата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски.
Во оваа седма генерација дипломци на Академијата е и сопругата на шефот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Абази, и поради која тој се повлече од Управниот одбор на Академијата каде беше предложен од Советот на јавни обвинители.
Исто така положи и Енвер Беџети синот на судијата во апелација.