Нови дојави за поставени бомби денеска има во соседна Србија, јавуваат тамошните медиуми.
Во основни училишта во Ваљево, Крушевац, Нови Пазар, Пожега, Бачка Топола и Кикинда добиле заканувачки извештаи за поставени експлозивни направи, потврдија од училишните управи.
И во десетина основни училишта во Ниш пристигнале дојави за бомби.
Децата од денеска се префрлаат на онлајн часови до дополнително известување, а родителите се информирани децата да не доаѓаат во прва смена додека не заврши проверката.