Нови дојави за бомби во седум скопски училишта.МВР прави проверка во училиштата,додека учениците ги напуштија училниците.
За прв пат дојава за бомба имаме и во основното училиште ООУ,,Петар Поп Арсов”.
Дојавите за поставени бомби биле испратени на електронските пошти на училиштата „Раде Јовчевски-Корчагин“, „Орце Николов“, „Јосип Броз Тито“, „Панче Арсовски“, „Никола Карев“, „Владо Тасевски“, „Михајло Пупин“ и „Цветан Димов“.
Премиерот Ковачевски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во минатите изјави посочија дека заканите се дел од хибридни напади кои имаат цел да внесат вознемиреност во државата.Мета се учениците како најчувствителна категорија во општеството.
Дојавите за бомби во скопските училишта се присутни од октомври.Министерството за образование ги задолжи директорите на училиштата во кои имало дојави,да се направи план за да се одработат изгубените часови.