Нови директори добиваат Детска клиника и Онкологија

Вчера по барање на министерот за здравство, Беким Сали, оставки си поднесоа директорите на две универзитетски клиники – Клиниката за детски болести и Клиниката за радиотерапија и онкологија, а денеска се назначени нови директори.

Според информациите на „Фокус“, за нова директорка на Детската клиника е назначена д-р Стојка Нацева Фуштиќ, а на чело на Клиниката за онкологија застанува д-р Виолета Клисарова.

Оставки вчера доставија директорката на Универзитетска клиника за детски болести, проф. д-р Аспазија Софијанова, како и директорот на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, д-р Никола Васев.