Нови детали за убиецот од Штип: Сопругата му починала на психијатрија по три обиди за самоубиство

Приказната добива уште потемни димензии со смртта на таткото, кој починал со модрици, што се поврзува со насилството од синот. Синоќешното убиство на мајката со нож ја заокружило семејната трагедија.

Сопругата починала на психијатрија по три обиди за самоубиство, татко му починал со модрици – нови детали за убиецот од Штип

Според информациите кои ги пренесува ТВ Стар, синоќа во Штип, 53-годишниот поранешен угостител С.З. ја убил својата мајка, со што ја завршил низата трагедии кои го обележале неговото семејство.-

С.З., некогаш познат угостител, ја изгубил својата кафеана и куќа откако се оддал на алкохол и коцка. Тоа довело до семејно насилство, чија најголема жртва била неговата сопруга. Таа, по три обиди за самоубиство, починала во психијатриска установа.

По оваа трагедија, С.З. продолжил со насилно однесување, чии жртви биле неговите родители. Според сведоци, тие биле постојано малтретирани, а полицијата често интервенирала. Сепак, родителите постојано ги повлекувале пријавите, надевајќи се на подобрување.

Приказната добива уште потемни димензии со смртта на таткото, кој починал со модрици, што се поврзува со насилството од синот. Синоќешното убиство на мајката со нож ја заокружило семејната трагедија.

Трагедија во Штип: Поранешен угостител во алкохолна криза ја убил својата мајка