Нови детали за акцијата на Онкологија: Обвинителството потврдува дека претреси има и во два стана

Комјутери, куќишта, електронска и хартиена документација полициски службеници до доцна синоќа вадеа од Онкологија. Сега тука е пусто, но од Обвинителстото потврдуваат дена претреси има и во два приватни станови. Во надеж дека се уште не се уништени, надлежните се обидуваат да дојдат до докази за кривично дело…според сомнежите – дека се краделе лекови на болни од рак и се продавале на црно, објавува Канал 5.

Од Јавното обвинителство појаснуваат дека станува збор за предистрага, а досега земените документи и материјали ќе бидат предмет на анализа и вештачење. А поддршка за органите на прогонот стигна и од Министерот за здравство Фатмир Меџити. Тој ги осуди сите обиди или дејствија, на поединци или групи кои преку дискрециони овластувања и начини на носење на одлуки во сопствена корист, направиле ненадоместива штета врз здравјето и животот на пациентите.

Во меѓувреме, онколошки пациенти кои се уште се плашат јавно да говорат, за Канал 5 анонимно раскажуваат дека чувствата откако виделе дека полицијата влегува на Онкологија, им се измешани, возменирени сме, но не и изненадени, одамна очекувавме да се одврзе јазолот за јавната тајна.

Дел пак, не веруваат дека правдата и вистинските виновници вообичаено одговаараат во Македонија, но се надеваат дека никој нема да краде лекови од болни.

Откако полицијата „ја тресеше“ Онкологија Канал 5 побара став и од сегашната Директорка Виолета Клисаровска која кусо одговори дека здравствената институција е достапна на истражните органи, но не сакаше да коментира ништо. Порача дека заклучоците ќе ги донесат надлежните.

Инаку десетина месеци, дел од пациентите на Онкологија алармираа за тоа дека или не добиваат терапија, или им се дели по половина. Во изминатиот период беше фатена медицинска сестра како земала и си се послужувала со цитостатици, а имаше и случај со потууп на вработен во болничката аптека. Откако пациентите не добиваа терапии, а и поради неофицијалните информации дека за тоа кој ќе добие терапија месецот, а кој не, преходниот Министер Беким Сали му даде можност на екс директорот на Онкологија сам да се повлече од функцијата, по што Васев си даде оставка, а на негово место дојде Клисаровска.