Вчера претставници на Банката на Англија му подарија на британскиот крал Чарлс III нови банкноти со неговиот лик, кои треба да стапат во оптек во јуни 2024 година.
„Ендрју Бејли, гувернер на Банката на Англија, и Сара Џон, главен благајник и главен извршен директор на банката, му подарија на кралот Чарлс III нови банкноти со неговиот лик“, објави Банката на Англија на платформата X.
Првите поштенски марки со ликот на британскиот монарх се појавија во Британија на 4 април 2023 година.