Новиот министер за внатрешни со грчката амбасадорка бараше решение за проблемот со пасошите

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска имал средба со амбасадорката на Грција во земјава – Софија Филипиду.

Тошковски го образложил проблемот со недостигот на обрасци за патни исправи за завршување на обврските за промена на пасошите до 12 февруари и предложил мерки за решавање на проблемот.

Не е јасно кои мерки се предложени и што одговорила амбасадорката Филипиду.

Проблемот со промената на пасошите со новото име што произлегува од Преспанскиот договор, стана еден од најголемите проблеми за македонските граѓани.

Тој во интервју за „360 степени“ рече дека ќе направи сè за да го релаксира процесот на поднесување барања за издавање, но и на процесот за подигнување на готовите патни исправи за граѓаните да се чувствуваат достоинствено во процесот.