Асен Василев – новиот бугарски мандатар за формирање на Влада од партијата „Продолжуваме со промени“ се осврна на случувањата во земјава, околу францускиот предлог.
Тој смета дека во Скопје има мислење дека на маса имаат пробугарски предлог, па нагласи дека Бугарија треба да биде задоволна што „тој пробугарски предлог не создава проблеми кај нив, туку создава проблеми кај соседите“.
„Во однос на македонското прашање ние си ја завршивме работата. Колегите од Северна Македонија сметаат дека тоа е пробугарски предлог. Ние сме задоволни од тоа што тој пробугарскиот предлог им создава проблеми на соседите, а не на нас“ – изјави Василев по средбата со коалицискиот партнер ДБ, пренесуваат агенциите.