Новинарката на Сакамдакажам.мк Соња Делевска ја освои првата награда за професионално известување за бегалците и лицата без државјанство

Новинарката на САКАМДАКАЖАМ.МК Соња Делевска ја освои првата награда за професионално известување за состојбата на бегалците и лицата без државјанство со серијалот текстови за 19-годишното момче кое почина без извод и здравствена книшка.

Наградата ја доделува Македонското здружение на млади правници во соработка со Здружение на новинарите на Македонија и УНХЦР-Скопје.

Втората награда ја доби Валентина Стојчевска од „Фокус“ за написот „ЖИВОТ ВО КАФЕЗ -Државата не го брои Судахан во живите, но го ‘оживеа’ само кога требало да го пикне зад решетки!”. Третата награда му припадна на Дарко Штаргоски од „Инфо Компас“ за мултимедијалниот производ „За добивањето на државјанство во Македонија чекаат и по 15 години – скратени им се огромен број права“.