
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен одби да одговори на прашањата за односот на својот потпретседател Маргаритис Шинас со Катар на вчерашната прес конференција, што предизвика негодување на новинарите кои од неа бараа одговори за најголемиот корупциски скандал во Европската Унија во последните години.
Шинас ја претставуваше ЕУ на церемонијата на отворањето на Светското фудбалско првенство минатиот месец, а пратениците на Европскиот парламент го критикуваа поради неговите твитови во последните месеци, во кои ја фалеше реформата на трудот во Катар.
На прашањето за одговорот на Европската комисија за корупцискиот скандал со Катар, а особено за ставовите и потенцијата вмешаност на Шинас, Фон дер Лаен молчеше, а одлуката на заменичката портпарол на Европската комисија Дана Спинант да ги прекине новинарските прашања предизвика бурна реакција во просторијата, пренесува Политико.
Additional reason to feel infuriated about Von der Leyen's treatment of @grimmse @MatinaStevis at today's press briefing: Lower levels of press freedom are correlated with higher levels of corruption. And that's a fact. https://t.co/AesERPAqkT
— Esther Martinez (@reclaim_esther) December 12, 2022
„Не одговоривте на ниедно прашање“, викаше еден новинар додека Спинант се обидуваше да ја прекине прес-конференцијата.
„Ова не е начин на кој тука се организира конференција за новинари“, одговори Спинант.
Фон дер Лајен не одговори на новинарското прашање за околностите на посетата на Шинас на Катар.