Нова трагедија во Кочани – почина возач на Итната помош кој вчера цел ден пренесуваше тешко повредени

Неофицијално, по напорниот и трауматичен ден во Кочани и во целата држава, пренесувал повредени лица. Отишол дома да се одмори и веќе не се разбудил.

Нова трагедија денеска во Кочани. Уште една загуба на млад живот.

Колегите и вработените во Општата болница – Кочани со тага и неверување утрово се простуваат од Иле Гоцевски.

Гоцевски, како што велат, бил долгогодишен возач на возилата во Итната помош – Кочани.

Неофицијално, по напорниот и трауматичен ден во Кочани и во целата држава, пренесувал повредени лица. Отишол дома да се одмори и веќе не се разбудил.