Македонската ракометна репрезентација попладнево го победи Катар со 39:34 (полувреме 21:17) во второто коло од Група-2 во Главната фаза на Мундијалот 2025.
Најефикасни во македонскиот тим беа Филип Кузмановски и Жарко Пешевски со по шест гола, Марко Митев и Никола Костески постигнаа по пет.
По оваа победа, втора на Мундијалот, избраниците на Кирил Лазаров ги зачуваа теоретските шанси за пласман во четвртфинале.
Моментална табела:
1.Франција 6 бода
2.Холандија 4
3.Македонија 4
3.Унгарија 3
4.Австрија 3
6.Катар 0.
Пласман во четвртфиналето ќе обезбедат двете првопласирани селекции, останатите ќе бидат рангирани земајќи го предвид и пласманот во другите три групи.