„Знам“ е насловот на новиот дует на Калиопи и Жељко Самарџиќ. Соработката е всушност и одбележување на нивното четиридецениското пријателство. Автор на песната е поранешниот сопруг на Калиопи, Ромео Грил.
„Штом ја слушнав песната за прв пат, сфатив дека тоа е повеќе од песна. Такво чувство ми се случи кога првпат ги слушнав „Бато“ и „Црно и бело“, сега ми се случува кога ја слушнав „Знам“, рекла Калиопи со солзи во очите на промоцијата во Белград.
Песната ја има и видеоприказната, а целиот овој мошне добро сработен нов материјал, денес беше промовиран и во Скопје.Ромео е автор на повеќето хитови на Калиопи, вклучувајќи го и евровизискиот хит „Црно и бело“.