Нова можност за подигнување на готовина за сите Diners Club членови!
Водејќи се од нивната мисија да овозможат поголема финансиска сигурност за своите членови во секое време и на секое место, Diners Club Македонија ја проширија мрежата за подигнување на готовина со 136 банкомати на Халкбанк АД Скопје. Подигнатиот износ на готовина членовите ќе може да го отплаќаат до 12 рати.
Продажната мрежа за подигнување на готовина досега ги вклучуваше банкоматите на НЛБ Банка, Стопанска Банка АД Битола и Уни Банка.
„Знаејќи дека достапноста и флексибилноста се едни од најважните аспекти во корисничкото искуство на нашите членови, нашиот тим континуирано работи на проширување на целата продажна мрежа. Со вклучувањето на банкоматите на Халкбанк на нашите членови им овозможуваме повеќе слобода и избор во купувањето и начинот на плаќање“ – велат од Diners.
Покрај можноста за подигнување на готовина со отплата до 12 рати, членовите на Diners Club исто така можат да купуваат на рати и рати без камати во преку 4000 продажни места ширум државата, да користат специјални попусти и акции за одложено плаќање како и да купуваат во странство со отплата на рати.
Дознајте повеќе за сите придобивки и аплицирајте на https://diners.mk/kampanja