Нова блокада на граничниот премин „Евзони“ кон Македонија, најавија грчките земјоделци

Нова блокада на граничниот премин „Евзони“ кон Северна Македонија од 20 до 22 часот по локално, односно од 19 до 21 часот по македонско време.

Ова е најавата на грчките земјоделци од северниот дел на земјата.

Конкретниот граничен премин и вчера и завчера периодично беше затворен во вечерните часови, а според информациите од Грција, земјоделците со нивните активности и блокади ќе продолжат до понеделник 26 февруари.