Нова американска воена помош од половина милијарда долари за Украина
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави уште еден пакет помош за оружје за Украина, вреден 500 милиони долари, се вели во соопштението на државниот секретар Ентони Блинкен.
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави уште еден пакет помош за оружје за Украина, вреден 500 милиони долари, се вели во соопштението на државниот секретар Ентони Блинкен.
Портпаролот на Белата куќа Џон Кирби претходно изјави дека САД ќе продолжат да обезбедуваат дополнителни пакети помош за Украина „до самиот крај на оваа администрација“.
Вашингтон пред 10 дена соопшти дека на Украина ќе и испрати ракети, муниција, противпешадиски мини и друго оружје во вредност од 725 милиони долари.