Новата претседателка на Судскиот совет е Весна Дамева

Новата претседателка на Судскиот совет е Весна Дамева.Таа доби поддршка од 10 членови.Отворен судски совет во кој нема место за корумпирани судии и гласање по списоци – ова е најавата на Дамева.

Против беше само Лорета Георгиева, а Павлина Црвенковска, досегашната претседателка која си поднесе оставка во вторникот.Таа обвини за притисоци од судско-бизнис елита, има отворено боловање и не се поризнесе за нејзината наследничка.

Дамева беше и единствениот предлог, иако шанса за да бидат предложени имаа уште тројца кандидати кои не доаѓаат од редот на судиите Татјана Чачарова, Илиевска, Селим Адеми и Миљазим Мустафа. Новата претседателка веднаш по изборот децидна – место и втора шанса за корумпиран судија во судството, нема да има.

За Дамева пак, уште при изборот излезе фотографија со поранешниот премиер Зоран Заев и членови на СДСМ, за што вели, таа не била член на ниту една политичка партија.

Но, за Дамева не гласаше ниту досегашниот в.д. директор на Академијата за судии и јавни обвинители, кој на почетокот на седницата побара да биде изземен од гласањето, бидејќи имало конфликт на интереси затоа што е член на Судскиот совет и в.д. директор, па од директорската позиција одлучил да се повлече, но до констатирањето на одлуката, побара да не носи никакви одлуки во советот.

Новата претседателка на Судскиот совет за член беше избрана во декември 2019 година од страна на Собранието, а по предлог на претседателот Стево Пендаровски. Претходно, кариерата ја има поминато како стручен соработник во Кривичниот суд.