„Заедно со нашите сојузници во НАТО стоиме цврсто на позициите за превенирање на безбедносните кризи кои ги загрозуваат мирот, стабилноста и просперитетот во светот. Ги следиме и се спротивставуваме на операциите кои целат да предизвикаат безбедносна криза која ќе влијае на стабилноста и просперитетот и да создадат дилема околу стратешката улога на НАТО и ЕУ во нашиот регион. Со нашето заедничко учество во мисиите на НАТО и со поддршката на другите активности на Алијансата, заедно се справуваме со гео-политичките предизвици и даваме придонес кон намалување на потенцијалните ризици и закани кон евро-атлантската заедница“.
Ова го изјави македонската министерка за одбрана – Славјанка Петровска, на средбата со заменикот – помошник секретар за одбрана за меѓународни безбедносни работи, Колин Кал.
Новата безбедносна реалност, нагласи таа, повикува на уште посилно сојузништво и брза и ефикасна интеграција на Западниот Балкан во европските и евроатлантските структури.
Потсекретарот за одбрана, Кал, порача дека САД отсекогаш ги поддржувале реформите во одбранбениот сектор на С. Македонија и дека тоа ја покажува посветеноста како стратешки партнери, надградена со стратешкиот дијалог и посветеноста како сојузници во НАТО – Алијансата.