Новак Ѓоковиќ – 8 години на првото место на АТП листата
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска ја почна 416-тата недела како прв на АТП листата, а тоа значи дека Ѓоковиќ е најдобар тенисер на светот точно 8 години.
Ниту еден друг тенисер не поминал повеќе од 6 години на првата позиција. После Новак, втор е Роџер Федерер со 310 недели (5 години и 50 недели), а во топ 3 е и Пит Сампрас со 5 години и 26 недели.
Ѓоковиќ првпат беше на врвот на АТП ранг листата се најде на 4-ти јули 2011 година. Севкупно, тој е лидер на АТП рангирањето 641 недели, што значи дека е светски рекет број еден во речиси 65% од неговата професионална кариера.