Новак Ѓоковиќ ќе настапи на УС Опен 2023

Светскиот тенисер број 1 Новак Ѓоковиќ ќе има право да се натпреварува на овогодинешниот УС Опен.

Американската влада објави дека ќе го прекине барањето за задолжителна вакцинација против Ковид-19 за патниците на меѓународни летови, што стапува на сила од 11 мај, објави Ројтерс.

Новак е меѓу елитните спортисти кои категорично одбија да добијат вакцина против коронавирусот. Поради оваа причина, српскиот тенисер го пропушти УС Опен минатата година.

Ѓоковиќ оваа година не можеше да влезе во земјата, откако неуспешно поднесе барање до американската влада за специјална дозвола за настап на Мастерс турнирите во Индијан Велс и Мајами.

Тој исто така го пропушти минатогодишниот Австралија опен, бидејќи беше депортиран од земјата.