Новак Ѓоковиќ и Лоренцо Мусети одиграа спектакуларен меч во третото коло на Ролан Гарос. Мечот траеше четири часа и 29 минути, заврши во три часот и седум минути. Ѓоковиќ славеше со 7:5, 6:7, 2:6, 6:3, 6:0.
„Ова е можеби мојот најдобар меч во кариерата на Ролан Гарос“, рече Ѓоковиќ по победата над Мусети.
Поради пренатрупаниот распоред, мечот започна два часа подцна од предвиденото во 22:35 часот. Оние кои останаа, а ги имаше доста присуствуваа на најдобриот меч во досегашниот тек од турнирот.
Блескаше Мусети, спаси сет топка за предност на Ѓоковиќ 2:0, го освои сетот изедначи на 1:1, а потоа во третиот сет издоминира против свеетскиот број 1. На крајот третиот сет Мусети имаше 12 винери повеќе и 10 неизнудени грешки помалку.
Но Мусети потона по 2:2 во четвртиот сет. Веројатно клучниот момент се случи при резултат 40:30, кога Италијанецот направи дупла грешка, а потоа Ѓоковиќ направи брејк.
Тука играта на Мусети се распадна, до крајот на мечот тој освои само еден гем, а Ѓоковиќ 10.
Противник на Ѓоковиќ во четвртото коло ќе му биде Аргентинецот – Франсиско Серундоло.