
Нобеловецот за медицина уште не знае дека ја добил наградата. Тој е во природа без мобилен
Научникот од Сан Франциско ја дели наградата со Мери Бранкоу од Сиетл и Шимон Сакагучи од Универзитетот во Осака во Јапонија за нивните откритија за тоа како функционира имунолошкиот систем. Но, бидејќи научникот одлучил да оди на „дигитална детоксикација“ и да помине некое време во природа без да го користи телефонот, Нобеловиот комитет не можел да го контактира за да му ја соопшти веста.
Овогодинешниот добитник на Нобеловата награда за медицина, Фред Рамсдел, сè уште не знае дека ја добил престижната награда бидејќи веќе некое време е „исклучен од мрежата“, објавува „Гардијан“.
Научникот од Сан Франциско ја дели наградата со Мери Бранкоу од Сиетл и Шимон Сакагучи од Универзитетот во Осака во Јапонија за нивните откритија за тоа како функционира имунолошкиот систем. Но, бидејќи научникот одлучил да оди на „дигитална детоксикација“ и да помине некое време во природа без да го користи телефонот, Нобеловиот комитет не можел да го контактира за да му ја соопшти веста.
Џефри Блустоун, пријател на Рамсдел и коосновач на лабораторијата „Сонома биотерапевтика“ каде што работи научникот, рече дека истражувачот заслужува признание, но дека ниту тој не можел да го контактира. „Се обидувам самиот да го контактирам. Мислам дека можеби планинари во оддалечен дел од Ајдахо“, изјави Блустоун за АФП.
Рамсдел, Бранкоу и Сакагучи ја добија наградата за нивното истражување кое ги идентификуваше „чуварите“ на имунолошкиот систем, таканаречените регулаторни Т-клетки.
Нивната работа се занимава со периферната имунолошка толеранција, која го спречува имунолошкиот систем да го оштети телото, и доведе до нова област на истражување и развој на потенцијални медицински третмани кои сега се оценуваат во клинички испитувања.