Нобеловата награда за економија за тројца научници кои работат во САД

Нобеловата награда за економија годинава ја добиваат тројцата истражувачи Дарон Ацемоглу, Сајмон Џонсон и Џејмс Робинсон за истражување за разбирањето на разликите во влијанието на просперитетот меѓу народите.

Истражувачите, кои работат во САД, денеска беа наградени за нивното истражување за тоа како „институциите го формираат и влијаат на просперитетот“, се вели во објаснувањето на жирито.

Со прогласувањето на добитникот на наградата за економија заврши сезоната на доделување на Нобеловите награди кои ќе бидат врачени на 10 декември.

Досега беа објавени имињата на добитниците на Нобеловата награда за медицина, физика, хемија, литература и мир.

Нобеловите награди постојат благодарение на шведскиот научник и индустријалец Алфред Нобел, изумителот на динамитот, кој сакаше од неговиот фонд секоја година да се доделуваат пари на поединци кои дале најзначаен придонес за човештвото.