НЛБ Банка ќе исплати рекордна дивиденда на акционерите

НЛБ Банка АД Скопје поднесе Предлог-одлука за определување износ на дивиденда и утврдување дивиденден календар на кое Собранието на 31.05.2023 година треба да ја донесе.

Согласно Одлука за употреба и распоредување на остварената добивка по годишна сметка и финансиските извештаи на НЛБ Банка АД Скопје за 2022 година и акумулирана добивка од 2021 година, на акционерите им се исплатува рекордна дивиденда во бруто износ од 2.076.222.291 денари.

Ќе бидат исплатени 1.702.997.634 денари од реализираната добивка од 2022 година и 373.224.657 од акумулираната добивка за 2021 година.

Износот на бруто дивидендата по акција изнесува 2.431 денари.

Последен ден на тргување со право на дивиденда е 12.06.2023 година. Прв ден на тргување без право на дивиденда е 13.06.2023 година.

Исплатата на дивиденда ќе отпочне 30-от ден од денот на одржување на Собранието на НЛБ Банка АД Скопје.