
Ниту синоќа не беше конституиран косовскиот Парламент
Ниту доцна синоќа Собранието на Косово не беше конституирано, бидејќи немаше доволно гласови за формирање комисија за тајно гласање за избор на претседател.
Ниту доцна синоќа Собранието на Косово (во 54-от обид) не беше конституирано, бидејќи немаше доволно гласови за формирање комисија за тајно гласање за избор на претседател.
Претставниците на Демократската партија на Косово (ДПК), Демократскиот сојуз на Косово (ДСК), Српската листа и коалицијата на Алијансата за иднината на Косово и НИСМА ниту синоќа не предложија членови на изборната комисија за тајно гласање, туку го обвинија претседателот на конститутивната седница, Авни Дехари, за узурпирање на седницата и погазување на Уставот и одлуките на Уставниот суд на Косово.
Како и претходно, од 1 мај до синоќа Дехари ги прекинуваше во говор сите со исклучување на микрофоните.
Од присутните 103 пратеници, 56 гласаа за формирање на комисијата.
Дехари ја прекина седницата и објави дека според одлуката на Уставниот суд од 26 јуни, од денеска до 8 август, парламентот не може да заседава ниту да одлучува за кое било прашање.
Се очекува до 8 август Уставниот суд да донесе пресуда врз основа на барањето поднесено од пратениците на ДПК и ДСК за уставноста на инсистирањето на претседателот на тајно гласање.