Ниту за 300 милиони долари Џони Деп не сака да се врати во „Пирати од Карибите“
Потврда од актерот Џони Деп дека нема да се врати во „Пиратите од Карибите“. И неговиот портпарол ги демантирал гласините дека актерот ќе се врати во улогата на Џек Спероу.
Дел од американските медиуми тврдат дека на актерот му биле понудени над 300 милион долари за враќање. Деп при судењето за клевета со поранешната сопруга Амбер Херд рече дека нема да се врати во проектот дури и ако му понудат 300 милиони долари.
Деп последен пат го играше Џек Спероу во 2017 година.
Сега се подготвуваат уште два филма, но популарниот актер нема да биде во ниту еден од нив.
Се одвива он лајн петиција во која обожавателките на актерот сакаат негово враќање во „Пиратите“, на која досега има повеќе од 875.000 потписи.
Деп беше исфрлен од „Пиратите од Карибите“ откако Амбер Херд го обвини во 2018 година за физичка и сексуална злоупотреба.