Корнелија Нинова – лидерката на Бугарската социјалистичка партија изјави дека не очекувала оти бугарскиот претседател Румен Радев и лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов ќе зборуваат во еден глас и ќе ја критикуваат владата.
Според неа, нема политичка логика во оваа критика.
Нинова вели дека бугарската влада е погодена од неколку кризи. Новата влада во Софија немаше ни 10 дена толеранција да работи мирно, со оглед дека демократската практика е 100 дена.
Според неа, на Кирил Петков требало да му се даде поголема толеранција и коментира дека не знае кому ќе му помогне овој напад врз бугарската Влада.
Потсети дека лидерите на владејачката партија „Промената продолжува“ Кирил Петков и Асен Василев биле министри на претседателот Радев и дека тој владеел со Бугарија 6 месеци и ја знаел реалната состојба во Бугарија.
Според неа, во моментов најважно е земјата да се справи со ценовниот шок.