Корнелија Нинова – бугарската вицепремиерка и министерка за економија рече дека ако Националното собрание одлучи Бугарија да и обезбеди оружје на Украина, нема да ја потпише одлуката дури и по цена да биде сменета од Владата. Според неа, ваквата одлука на Парламентот на Бугарија би ја искомплицирала ситуацијата.
Нинова истакна дека нема да потпише документ со кој и се дозволува на Софија да извезува воена помош за Киев.
Лидерката на БСП најави дека нејзината партија ќе се спротивстави на купување осум нови авиони-ловци Ф-16 од САД, бидејќи според нивните сметки, Бугарија во овој момент не може да одвои средства за тоа.