Никушар Дан: Ќе им објасниме на Романците и на администрацијата на Трамп зошто беа поништени изборите во Романија

Новоизбраниот претседател на Романија, Никушор Дан, верува дека властите во Букурешт ќе успеат на своите граѓани и сојузници да им објаснат зошто претседателските избори беа поништени, но и на администрација на американскиот претседател Доналд Трамп, која ги обвини романските власти за газење на демократијата.

Новоизбраниот претседател на Романија, Никушор Дан, верува дека властите во Букурешт ќе успеат на своите граѓани и сојузници да им објаснат зошто претседателските избори беа поништени, но и на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, која ги обвини романските власти за газење на демократијата.

– Треба да ја вратиме довербата на луѓето во државата и нејзините институции. Поништувањето на првиот круг од изборите во Романија е доказ за нивната слабост. Знаеме дека имаше кандидат кој ги прекрши законите. Државата мора што е можно поскоро да ги разјасни сите двосмислености и нерегуларности. Не смее да има сомнежи за ова, рече Дан интервју за полскиот весник „Газета Виборча“.

Новиот романски претседател, кој престојува во Варшава за да го поддржи кандидатот на владејачката коалиција Рафал Часковски пред вториот круг од претседателските избори во Полска на 1 јуни, најави дека Романија ќе продолжи да ѝ помага на Украина, бидејќи верува дека со тоа се брани од Русија, која, како што вели, не само што претставува физичка закана, туку се стреми и да ги ослаби западните општества со поддршка на тамошните популисти.

– Имаме економски развој во нашите земји како никогаш досега. Сето тоа може да се разниша ако популистите ја преземат власта. Треба да разговараме за тоа. Русија се обидува да нè ослабне преку дезинформации, преку хибридна војна, рече Никушор Дан.

Тој смета дека источното крило на НАТО мора да биде силно и да се спротивстави на овие хибридни напади од Русија.