Никој никогаш како Жозе Мурињо
Португалецот од овој четврток ја носи титулата фудбалски тренер со најмногу победи во Европа.
Рома на 27 октомври победи во дуелот со финскиот ХЈК во претпоследното коло од групната фаза во тековната Лига Европа (2:1) и благодарение на тоа Жозе Мурињо се искачи на врвот на еснафската листа.
Првото место до синоќа го држеше легендарниот Алекс Фергусон со 106 триумфи на Манчестер Јунајтед во различни натпреварувања на УЕФА, а сега е престигнат од шефот на стручниот штаб на римскиот клуб.
Славниот Сер Алекс повеќе не му е конкуренција, бидејќи се пензионираше во 2013 година, но затоа Карло Анчелоти му дише во врат на поранешниот стратег на Интер, Челзи, Порто, Реал, Тотенхем. М. Јунајтед…
Трофејниот Италијанец од клупата на Реал Мадрид стигна до бројката од 105 и има реални шанси во одреден момент да го престигне сопственикот на двојниот освојувач на Лигата на шампионите.
Мурињо може да се пофали и со освојување по една Лига Европа и една Конференциска лига.