
Никој не сака да го преземе телото на Нермин Сулејмановиќ, кој во петокот на 11 август уби три лица во Градачац, а потоа се самоуби, ниту неговиот татко, пишува босански Аваз.
Негови познаници за новинарите на „Аваз“ во Градачац изјавиле дека таткото на Нермин Сулејмановиќ рекол: „Тоа не ме интересира тоа г***о“.
Да потсетиме, Сулејмановиќ ја уби својата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ пред очите на нивната ќерка, пренесувајќи се во живо на Инстаграм.
Откако ја убил Низама, тој убил уште две лица во градот, татко и син, Џингис и Денис Ондер, кои ги познавал од порано.
Во крвавиот пир рани уште три лица, меѓу кои и мајката на Денис.
ДНизама Хеќимовиќ беше погребан вчера во Мионица кај Градачац. Повеќе од илјада луѓе дојдоа да ја испратат во вечниот одмор.
Денис и Џенгис ќе бидат погребани денеска, додека мајката на Денис се уште е во болница во тешка состојба.