Николоски: Ја зголемуваме ефикасноста на граничните премини, граѓаните и бизнис секторот мора да добиваат квалитети услуги
Министерот за транспорт Александар Николоски и директорот на Царинската управа Бобан Николовски на денешната средба разговарале за повеќе проекти, поточно за модернизација и унапредување на работата на граничните премини, но и реконструкција на граничните премини Ќафасан и Деве Баир.
-На средбата со Николовски се разговараше за динамиката за реализација на проектите што ги спроведува Министерството како дел од процесот за унапредување на трговијата и транспортот на Западен Балкан, а се насочени за модернизација и унапредување на работата на граничните премини. Се работи за проектот за новиот систем за видео надзор и автоматско препознавање на регистарски таблици преку кој се инсталираат преку 350 типови на надзорни камери на граничните премини, соопштија од Министерство за транспорт.
Исто така, како што посочуваат, на средбата соговорниците разговарале и за реконструкција на граничните премини Ќафасан и Деве Баир, проект кој ќе започне да се реализира во скоро време, а било отворено и прашањето за имплементција на едношалтерскиот систем “Single Window” преку кој ќе се поврзат државните институции за подобрување на услугите за граѓаните и бизнис секторот.
Министерот Николоски истакнал уверување дека проектите се реализираат со потребната динамика, се со цел да се унапреди системот на услуги што се овозможува на граничните премини.
-Подобрување на условите за работа на граничните премини е процес кој го спроведуваме во соработка со Царинската управа и преку кој создаваме систем на квалитетни услуги за сите економски оператори. Со реализација на овие проекти го унапредуваме транспортотот, ја зголемуваме ефикасноста на граничните премини и ова се проекти со кои обезбедуваме бенефит за Министерството за транспорт, за Министерството за внатрешни работи, Царинската управа и други државни институции. Ова е од огромно заначење и за регионалната соработка како владин приоритет, истакна на средбата Николоски.