„Ја гледам денес Радмила Шекеринска како глуми задоцнет патриот па вели да се имало разбирање за луѓето што се против промена на Уставот со цел влез на Бугарите во него.
Истата Шекеринска што беше втор човек на СДСМ и на Владата кога се потпиша Договорот со Бугарија со кој прифатија дека Македонскиот и Бугарскиот народ имаат ЗАЕДНИЧКА историја, а немаат! Истата која прифати промена на име и гордо се сликаше во Нивици. И истата која според многумина ги влече конците од позади сцена во СДСМ и со која Димитар Ковечевски се консултира за секоја покрупна одлука. Таа Шекеринска продава задоцнет патриотизам. Извинете ама не поминува. Како што Ви кажав на еден од нашите дуели кога го менувавте името на Македонија – ПРЕДАВСТВОТО ЌЕ ВИ ТЕЖИ ЦЕЛ ЖИВОТ!
И тогаш како и сега најголема нервоза ви е што не можете да го седнете ВМРО ДПМНЕ да го подржи предавството! За овој договор кој значи капитулација на Македонија ние сме на различни страни и никогаш нема да сме на иста страна, по ниедна цена!“ напиша на Фејсбук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.