Николоски: Француската влада одигра клучна улога во потпишувањето на договорот со Бугарија за пругата од Коридорот 8

-Јас го презентирав проектот којшто Македонски железници инфраструктура го има изработено за целиот тунел. Тие го разгледаа и го прифатија после неколку дена. Рекоа дека е одлично направен. Јас ја презедов обврска да ја забрзаме работата на вториот дел од делницата на пругата. Тоа е делот којшто оди од Бељаковце до Крива Паланка. Бељаковце-Куманово го пуштивме што веќе го праиме. Уште два тунели остануваат непробиени од вкупно 16 коишто ќе ги има на таа траса изедов обврска да се тендерира третиот дел којшто и открива Паланка до граница односно до тунелот, образложи Николоски.

Министерот за транспорт Александар Николоски вечерва во Топ тема на телевизија Телма осврнувајќи се на потпишувањето на Договорот со Бугарија за пругата за Коридорот 8, посочи дека проблемот во суштина бил повеќе инженерски, а не политички.

Министерот појасни дека имало многу емисии во Бугарија кои ја ширеле тезата дека Николоски и бугарскиот министер за транспорт и врски Караџов лажеле во врска со договорот. Сепак, како што потенцира, работите треба да се гледаат објективно.

-Не беше лесно и за Караџов и треба да му се оддаде признание за таа работа на бугарскиот вицепремиер и министер за транспорт. Затоа што сериозни политички структури во бугарскиот политички живот беа против ова. Тие генерално мислам дека не ни знаат што е проектот, но се против добри односи и нормализирање на односите помеѓу Македонија и Бугарија, рече Николоски.

Министерот нагласи и дека француската влада и нивниот министер за транспорт и врски одиграл важна улога во склучување на договорот меѓу Македонија и Бугарија.

-Мислам дека министерот сфати дека е и инженерски проблем, а не политички и дека треба да се тргне политиката од истиот. И препораката беше да разговараме само на теми коишто се поврзани со функционалноста на проектот, додаде Николоски.

На средба во Истанбул бил презентиран проектот на Македонски железници, со кое се нашло решение.

-Јас го презентирав проектот којшто Македонски железници инфраструктура го има изработено за целиот тунел. Тие го разгледаа и го прифатија после неколку дена. Рекоа дека е одлично направен. Јас ја презедов обврска да ја забрзаме работата на вториот дел од делницата на пругата. Тоа е делот којшто оди од Бељаковце до Крива Паланка. Бељаковце-Куманово го пуштивме што веќе го праиме. Уште два тунели остануваат непробиени од вкупно 16 коишто ќе ги има на таа траса изедов обврска да се тендерира третиот дел којшто и открива Паланка до граница односно до тунелот, образложи Николоски.

Македонија и Бугарија ги дефинираа активностите и меѓусебните обврски за изградба на меѓуграничниот железнички тунел на Коридорот 8 со Договорот што го потпишаа на 6 ноември вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и неговиот бугарски колега Гроздан Караџов, на железничката станица Ѓуешево.

Финансиската конструкција на проектот е над 1,4 милијарди евра. Од нив, околу 200 милиони евра се неповратни грант-средства, додека остатокот ќе биде обезбеден преку кредити од Европската инвестициска банка, Европската банка за обнова и развој и други европски извори. Бугарија, пак, ќе инвестира 1,2 милијарди евра – најголем дел за реконструкција на железничката линија Софија–Радомир–Перник–Ќустендил–Ѓуешево и за изградба на делницата до границата со Северна Македонија, како и за заедничката изградба на тунелот меѓу двете држави.