Николоски: Со Грција имаме можност да станеме најдобри економски партнери во регионот

- Ако дадеме еден политички импулс, мислам дека соработката со Грција ќе оди многу нагоре и дека можеме навистина да имаме одлична економска соработка и дефинитивно да станеме најдобри економски партнери во регионот, затоа што го имаме тоа како можност, нагласува заменик – претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во интервју за МИА од Атина по средбите со високи претставници на грчката Влада.

– Ако дадеме еден политички импулс, мислам дека соработката со Грција ќе оди многу нагоре и дека можеме навистина да имаме одлична економска соработка и дефинитивно да станеме најдобри економски партнери во регионот, затоа што го имаме тоа како можност, нагласува заменик – претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во интервју за МИА од Атина по средбите со високи претставници на грчката Влада.

Економската соработка, Коридорот 10, брзата пруга, регионалното поврзување беа во фокусот на средбите на министерот со вицепремиерот на Грција Костис Хаѕидакис, со министерот за инфраструктура и транспорт Христос Димас, со алтернативниот министер за инфраструктура и транспорт надлежен за железничкиот сообраќај Константинос Киранакис, како и со менаџментот на пристаништето Пиреа.

За вицепремиерите на двете земји ова беше прва средба со која се истакна важноста и промоција на економската соработка и регионалните инфраструктурни проекти, а на средбата биле потврдени заложбите на двете земји за подобра регионална соработка во делот на инфраструктурата, транспортот и услугите.

Заеднички констатација беше дека географската локација на двете земји создава значајни можности за формирање силен транзитен и енергетски интерконективен центар во поширокиот регион, соопштиј

Во разговор со дописничката на МИА од Атина, заменик-претседателот на Владата, Николоски, говори за актуелните проекти со јужниот сосед, но и за потенцијалите и можностите за дополнително продлабочување на економската соработка.

Детално ги анализира придобивките од брзата пруга што од Атина, преку Скопје и Белград ќе стигнува до Будимпешта и Виена, приходите ќе ги зголеми за десет пати, а ќе придонесе и во економијата со поврзувањето на грчките пристаништа со централна Европа.

Дополнително, посочува дека со Коридорот 10-Д од Скопје до Атина патувањето од осум ќе се намали на пет-пет и пол часа.