Николоски: Сериозно ја разгледуваме можноста за доделување лиценца за трет мобилен оператор
Сериозно ја разгледуваме можноста за доделување лиценца за трет мобилен оператор, изјави денеска министерот Александар Николоски.
„Нашата анализа кажува дека цените за мобилната, како и за кабелската телевизија и интернет услугите се поскапи од најголем дел европски земји. На пазарот постои класичен дуопол.
Затоа мора да бараме мерки да поевтинат услугите. Граѓаните да имаат подобри и поевтини услуги. Затоа потенцијално решение е трет мобилен оператор. Во следниот период ќе мотивираме големи имиња од светот на телекомуникациите да се појават на македонскиот пазар“, додаде тој.