Николоски: Пендаровски бега од одговори за криминалот, корупцијата и аферите на тие што го поддржуваат, нешто што е нотирано и во меѓународни извештаи

„Јас континуирано го прашувам и Стево Пендаровски за она што се случува деновиве, го прашувам зошто не искоментирал ниедна криминална афера која што е излезена во јавност. Како што го прашувам и зошто ги потпиша измените на Кривичниот законик со кој што практично се дозволи амнестија за криминалците. А, го прашувам и зошто користи крадени народни пари за финансирање на неговата кампања. Одговор од Стево Пендаровски не добивме, но денес добивме одговор од реномираната меѓународна институција „Фридом Хаус“ која што се занимава со состојбите во повеќе држави. Тие велат дека новинарите кои што известуваа за корупција се под закана на власта на СДСМ и ДУИ. Тие велат дека има сериозно политичко влијание врз судскиот и обвинителскиот совет. Тие велат дека непотизмот царува во судството и обвинителството. И „Фридом Хаус“ исто така вели дека со измените на Кривичниот законик кои што ги потпиша Стево Пендаровски се амнестираа бројни криминалци кои што направиле кривични дела во Македонија“ изјави денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Тој вели „најдобриот одговор зошто Стево Пендаровски бега од одговори на овие прашања денеска стигна од „Фридом Хаус“ кој што јасно кажува дека во Македонија царува криминалот и корупцијата, нешто што ВМРО-ДПМНЕ го зборува со години. А, интензивно го зборуваме во кампањава и тоа е најдобрата причина зошто треба да имаме масовна излезност и на 24-ти април и на 8-ми мај луѓето да излезат во што поголем број и да се случат промените, Гордана Силјановска Давкова да биде избрана за претседател на Македонија, а Христијан Мицкоски за премиер, а Владата да биде предводена од ВМРО-ДПМНЕ“.

„Би сакал да искоментирам и она што се случува во делот на парламентарните избори, мислам дека е безобразно да е од една страна СДСМ се однесува како да биле досега во опозиција, од друга страна носителот во четвртата изборна единица да се однесува како никогаш да не бил министер за здравство, на сите скандали кои што се случија во здравството а дел од нив повторно потврдени во овој извештај од „Фридом Хаус“ кој што вели дека со измените на кривичниот законик, кој што ги донесе мнозинството на СДСМ и ДУИ, а ги потпиша Стево Пендаровски, се прави амнестија и во делот на корупциските скандали во здравството кои што се случија во текот на корона кризата“ посочи Николоски.