Николоски: ЈО да испита како е „можно оваа Влада да добива, а претходната да губи арбитражни спорови“

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој е координатор на Координативното тело за арбитражи, вели дека очекува Обвинителството да работи на тоа како е „можно оваа Влада да добива арбитражни споротим, а претходната Влада да губи или се отвораат арбитражи“, но и како воопшто е дојдено до тоа Македонија да биде изложена на арбитражни спорови. -Очекувам Обвинителството да ги отвори овие случаи, да види кој работел на овие случаи, кои се лицата кои што носеле одлуки, зошто ги донеле на начин на кој што го донеле и да поведе постапки против истите, затоа што изложеноста на Македонија е огромна, изјави Николоски, во гостувањето на телевизија Сител.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој е координатор на Координативното тело за арбитражи, вели дека очекува Обвинителството да работи на тоа како е „можно оваа Влада да добива арбитражни спорови, а претходната Влада да губи или се отвораат арбитражи“, но и како воопшто е дојдено до тоа Македонија да биде изложена на арбитражни спорови.

-Очекувам Обвинителството да ги отвори овие случаи, да види кој работел на овие случаи, кои се лицата кои што носеле одлуки, зошто ги донеле на начин на кој што го донеле и да поведе постапки против истите, затоа што изложеноста на Македонија е огромна, изјави Николоски, во гостувањето на телевизија Сител.

Координативното тело за арбитражи, според Николоски работи многу сериозно, посочувајќи дека откако како Влада направиле измени на дел од адвокатските тимови и во пристапот како се работело веќе ги дало и првите резултати.

– Минатата година имавме осум отворени арбитражи, кои што ги наследивме, додека во мандатот на оваа Влада нема ниту една нова отворена арбитража, што само по себе говори и е додаден квалитет. Успеавме три арбитражи да добиеме, пет се во тек и тоа е различно со претходно, изјави Николоски.

Досега, нагласи Николоски, со добиените случаи за „Казандол“ (115 милиони евра), за „СА-СА“ (435 милиони евра) и за „Га-Ма“ (пет милиони евра), Владата од буџетот на државата спасила 565 милионие евра.

-Некој треба добро да испита зошто Македонија, само во овие три случаи, можеше да изгуби 565 милиони евра. Го повикувам Обвинителството да ги разгледа добро овие случаи. Овие се достапни случаи. Се е во арбитражните постапки и секако ние како Влада ќе ги дадеме сите документи и сознанија што ги имаме. Дел од овие работи се гледани на затворена седница на Влада, и се тајна, но Обвинителството секако ќе ги добие и нека видат кој преговарал, изјави Николоски.

И останатите пет случаи кои се во тек, посочи Николоски, се комплицирани и се последица на, како што рече, работењето на претходната влада, каде продадено земјиште, дадена дозвола е укината и слично.

-Едниот е за „Шпански скали“ и таму инвеститорот побарува 145 милиони евра од Македонија, вториот е за „Дрисла“ депонијата каде, исто така, имаше обид за јавно-приватно партнерство што го укина претходниот градоначалник и таму е вредноста 95 милиони евра. Третиот е за „Клиничката болница Штип“ каде вредноста е 26 милиони евра. Последниот слуачај е во вредност од 24 милиони евра во однос на Клиничкиот центар во Скопје, изјави Николоски.

За случајот „Казандол“ Николоски рече дека наследиле затворен случај, односно завршните зборови се случиле 2023 година, а втората отежнителна околност е дека претходната Влада во април 2023 во Виена водела преговори за спогодба и воопшто не се бореле да обезбедат нови докази.

-Ние решивме повторно да го отвориме случајот. Поднесовме барање до арбитражниот суд во Вашингтон, тие се согласија, приложивме нови докази, кои не биле претходно презентирани во постапката. Можам само да погодувам зошто претходната Влаада тие докази не ги доставила до Судот и мислам дека тие докази беа клучни да се сврти работата во наша корист. Ако ја оставевме како претходната Влада, тогаш ќе го загубевме спорот сигурно, изјави Николоски.

Најдобар доказ дека сме на добар пат стигна околу нова година, кога украинската страна, инвеститорите во Казандол, понудија спогодба, што значи признаа дека случајот ќе ги загубат и понудија државата да плати 38 милиони евра, наместо 115 колку што првично бараа.

-Ние тоа го одбивме и мислам дека тоа беше вториот вклучен момент зошто го добивме случајот. Беа доста сериозни и имаа ангажирано три адвокатски куќи, најпозната е адвокатската куќа на Чери Блер, сопругата на легендарниот британски премиер Тони Блер. Така што, самото тоа што ние добивме случај на такви гиганти на другата страна, само говори колку ние се посветивме на овој случај. На крајот на денот државата заштеди 115 милиони евра, изјави Николоски.

Доброто кога добивате случај, посочи Николоски е што трошоците за адвокатските куќи одат на другата страна и не ја чини ништо државата. Имаме три такви случаи добиено сега и тоа е добро, што значи се што Македоија има потрошено, сега треба да го наплати од другата страна.

Според Николоски многу е важно државата да биде многу внимателна во какви проекти влегува и откако ќе влезе, да ги сработи до крај и согласно правото.

-Ќе потсетам во делот на автопатите. Кинески „Синохидро“ беше спремен да оди на арбитража минатата година и да бара 50 милиони евра во однос на автопатот Охрид-Кичево. Ние, со аргументи ги убедивме да се откажат и не само што се откажаа, еве автопатот се гради и ќе се изгради и одредени делници веќе се пуштени во функција. Со „Бехтел и Енка“ беше слична ситуација, немаа отворен фронт за работа, државата требаше да плаќа пенали, ние влеговме ги решивме проблемите и државата не плаќа пенали. Така што, кога државата ќе преземе обврски, мора строго да се следат договорите, изјави Николоски.