Николоски: Од Скопје до Прилеп ќе се патува за час и десет минути

„Убаво е кога се отвораат капитални проекти. Пелагонија добива нов модерен експресен пат што ќе значи економски развој и поврзување со соседите. Но мора да се истакне дека овој проект комплетно беше блокиран од претходната Влада. Ние за еден месец успеавме да ги решиме проблемите и да го изградиме овој прекрасен пат“.

„Убаво е кога се отвораат капитални проекти. Пелагонија добива нов модерен експресен пат што ќе значи економски развој и поврзување со соседите. Но мора да се истакне дека овој проект комплетно беше блокиран од претходната Влада. Ние за еден месец успеавме да ги решиме проблемите и да го изградиме овој прекрасен пат“.

Ова меѓу другото денеска го изјави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски при сечењето лента на експресниот пат Градско – Дреново.

„Навистина е задоволство во рок од само десетина дена второ големо отворање. Денеска го отвораме експресниот пат кој што треба да не поврзува од Градско до Дреново дел од експресниот пат Градско – Дреново – Фариш. Еден преубав експресен пат кој што ќе значи многу за поврзувањето на Прилеп, Битола, на Могила, Новаци, Кривогаштани, на Крушево, секако и Росоман и поврзување со главниот град, но исто така ќе значи и поврзување со соседна Грција и поврзување на Коридор 10. Ова е Коридор 10 д кој што треба да значи целосно автопатско или експресно поврзување со вториот голем граничен премин, тоа е граничниот премин Меџитлија и навистина честитки за сите кои што учествуваа во изградбата“ рече Николоски.

Тој порача „Сакам да се заблагодарам и на ЕУ бидејќи тука има значајна грант компонента, но многу поважно од тоа е посветеноста за развој на овој дел од државата и заради посветеноста да се помогне оти државата не е само главниот град, туку треба рамномерно да се развива и секако тука е поврзувањето со соседите“.

„Обично не сакам да зборувам за проблеми и ќе кажам дека ќе завршуваме проекти затоа што сме избрани да работиме, а не да се жалиме. Но пред мене е првиот документ кој го добив кога станав министер за транспорт. Првата голема главоболка со која што се соочив и се соочи Владата е извештајот за тоа во каква состојба беше овој експресен пат. Ќе ви кажам директно, работници немаше, активности немаше, не беа решени косините, сега гледате како прекрасно изгледаат двете страни на патот и недостасуваа некаде околу 13 милиони евра за да се исплатат и да се доврши реализацијата на овој експресен пат. Изведувачот се спремаше за арбитража, веќе првите чекори беа преземени и работниците беа повлечени. Причината беше претходната Влада која година и половина не сакала да потпише два адендуми, адендум 3 и 4, кој што беа договорени со ДЕУ и не сакала да формира Комисија која што ќе ги спроведува. Новата Влада за само месец дена ја формираше Комисијата, истата се формираше на крајот од јули, во тек на август се работеше на содржината на овие два адендуми и на 12 септември проблемите се решија. Од 12 септември до буквално Нова година се работеше, се заврши комплетно и сакам да честитам на сите бидејќи имаме експресен пат“ порача вицепремиерот.