Николоски: Одлични вести од Брисел, возачите се прифатени како професионалци

„Само што добив одлични вести од Брисел во врска со огромниот проблем на превозниците од Македонија! Нашите ставови се прифатени. Возачите се прифатени како професионалци. Тоа е тоа што го баравмe“, објави на својот Фејсбук профил вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Во продолжение целосната објава на вицепремиерот:

„Само што добив ОДЛИЧНИ вести од Брисел во врска со огромниот проблем на превозниците од Македонија! Нашите ставови се прифатени. Возачите се прифатени како ПРОФЕСИОНАЛЦИ. Тоа е тоа што го баравме.

После протестите и силната офанзива изминатиот период Брисел ќе донесе нова Стратегија за визи која ќе значи решавање на проблемот со кој се соочија професионалните возачи.
Во прилог најзначајниот дел од неа.

Благодарам до сите пријатели на Македонија кои помогнаа со цел да се реши овој проблем“, напиша вицепремиерот Николоски.