„Сметаме дека мерките се апсолутно задоцнети, ВМРО-ДПМНЕ уште пред месец дена предлагаше мерки кои што ќе значеа да нема вака растично поскапување на дизелот и бензинот, кое што оди на највисоки граници било кога видени во државата. Исто така и основните прехранбени производи пред се мислам тука на лебот, на брашното, на маслото, на шеќерот, на раноградинарските култури, на месото, значи на она што се основни производи кои што се потребни за секојдневна исхрана на едно семејство одат на цени кои што се од 3 до 4 пати повисоки од цените кои што беа претходно. И тука огромна вина има кај власта на СДСМ и ДУИ“. Ова на тв Алфа го кажа Александар Николоски – потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Николоски додаде дека факт е дека има војна во Украина, факт е дека има криза, но тоа не значи дека други држави треба да трпат вакви последици и затоа си презедоа мерки навреме.
„Македонија е земјоделска држава, Македонија може да произведе самата доволно храна доколку има добра организација, која што за жал во моемнтов ја нема. И затоа овие мерки само се козметичка од една страна, а од друга страна не сакаат да се откажат од полнењето на Буџетот. Бидејќи со полнењето на Буџетот после тоа значи расипничко трошење. Петта година иамме власт СДСМ-ДУИ која што не изгради километар автопат, не изгради ниеден мост, ниедна брана, ниеден километар пруга во државава, ниедна болница. Значи ништо што би значело голем инфраструктурен проект, а трошат по четири и кусур милијарди евра секоја година“ – нагласи Николоски.
Тој посочи дека тоа само покажува дека се работи за едно расипничко трошење од кое што не сакаат од власта и оваа година да се откажат.
„Досега не слушнавме релевантен одговор што ќе се случи со праската во Росоман, која што веќе нема извоз. Што ќе се случи со јаболкото во Ресен кое што исто така нема извоз? Што ќе се случи со пролетната зелка која што главно се сади во струмичко, Босилево, Василево, кое што исто така нема извоз? Понатака, второто прашање е сошто не се исплаќаат субвенциите? Следното прашање кое што треба да го одговори власта е што ќе се случи со црешата, вишната, со капината и со сите оние производи кои што доаѓаат, кои што вредните земјоделци ги произведуваат, а веќе нема да можат да ги пласираат на пазари. Следно се малите трговци, затоа што со вака ограничување на маржите тие не можат да преживеат. Сите знаат дека во раноградинарските поризводи кои што се продаваат во малите дуќани. Она што е кало или она што се фрла е некаде 30-тина до 40% од производот што значи дека маржа од 10% не може да ја надокнади само загубата, а да не зборувам да нешто се заработи“ – истакна Николоски.
Николоски додаде дека поради оваа ситуација многумина размислуваат да затворат своите мали бизниси, што значи десетици илјади луѓе на улица дополнително на веќе зголемените цени и големата криза.