Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Амбасадорот на Унгарија, Андраш Клајн.
Како што се наведува во соопштението од Министерството за транспорт, на средбата Николоски упати честитки за преземањето на претседателството со Советот на ЕУ од страна на Унгарија, со порака дека Владата останува силно фокусирана на европската агенда.
-Исто така министерот Николоски ги потенцираше реформските процеси, истакнувајќи ги плановите на Владата за регионална интеграција и зајакнување на односите со земјите од Западен Балкан, се посочува во соопштението.
На средбата биле разменети информации околу искуствата за модернизација на регионалната инфраструктура, со посебен фокус на патната и железничката инфраструктура.
-Во Унгарија гледаме како долгогодишен партнер и пријател и огромна е поддршката што ја овозможува Унгарија за евроинтегративниот процес како врвен приоритет, потенцирал на средбата министерот Николоски.
И двајцата се согласиле за натамошно зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката во области од заеднички интерес за двете земји.