Николоски: Македонија нема да води преговори со ЕУ се додека не воспостави функционален систем на владеење на правото

„Македонија дури и да почне преговори со ЕУ ќе ги заврши после само 6 месеци со нова блокада, но овој пат блокадата нема да е од идентитетски прашања туку ќе е заради високото ниво на криминал и корупција“, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на денешната трибина организирана од ВМРО-ДПМНЕ во Гевгелија насловена „Борба против корупцијата и криминалот“.

Тој посочи дека се додека Македонија не воспостави функционален систем на владеење на правото, 5-6 поголеми и моќни земји на Европската Унија нема да дозволат Македонија да оди напред затоа што нема политичар премиер во Европа кој сака од другата страна да седне со корумпиран политичар.

„Мора да се воспостави функционален систем на владеење на правото. Мора да се направат темелни истраги за злоупотребите кои овие 6 години се направија пред се во финансискиот дел, да се направат здрави финансиски истраги, да се види текот на парите и сето она што е возможно да се врати во државниот буџет а на тој начин и кај граѓаните за да биде директно казнето прекумерното богатење на првенците на власта почнувајќи од најниските функционери во подрачните единици, завршувајќи со премиерот“, дециден е Николоски.

Тој уште еднаш истакна дека нема премиер во Европа кој сака од друга страна да има премиер кој ја злоупотребува својата позиција.

„Нема премиер во Европа кој сака од другата страна да има премиер кој ја злоупотребува својата позиција за неговите кумови и бизнис партнери да развиваат нетранспаретни бизниси. Нема политичар во Европа кој е спремен да види премиер од другата страна чија сопруга случајно влегува во фотоволтаичните бизниси како што нема премиер и политичар кој е спремен да го види Артан Груби од другата страна кој во моментов стана главниот подводаџија за земање на мито и организирање корупција во Македонија“, потенцираше Николоски.

Тој заклучи дека мора силно да се посвети на овој дел на сузбивање на организираниот криминал и корупција во високото ниво на власт затоа што во спротивно Македонија ќе застане уште не почната