Николоски: „ЕУ го лаже целиот регион. Проширување нема да има“
Вицепремиерот Александар Николоски вели дека ЕУ ги лаже државите од Западен Балкан и дека блокот не сака да се проширува. Оваа негова изјава доаѓа за време на турнејата на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, и неговата посета на Скопје.

Во интервју за поткастот на новинарот Назим Рашиди, на „Коха“, Николоски изјави:
„Она што се случува е обид да се лажат луѓето во целиот регион. Во однос на проширувањето ситуацијата е јасна. Тоа застана во 2013 година, со влезот на Хрватска. Можноста да продолжи, според мене, е рамно на теорија. Не заради нас туку поради внатрешните состојби во Европската унија. Тринаесет години се доволен период да ова се демантира.
Од најмоќните шест држави во ЕУ, само една е за проширување – Полска. Тоа е суштината на проблемот“.