Николоски: Денеска тргнува првиот воз Скопје – Куманово – Скопје

Денеска од Скопје кон Куманово ќе се обрати првиот воз, со што ќе биде олеснета комуникацијата меѓу овие два града, објави вицепремиерот и министар за транспорт, Александар Николоски. Тој рече дека патувањето ќе трае 41 минута.

„Во 16:30 часот ќе тргне првиот воз од Скопје за Куманово, патувањето ќе трае 41 минута, двапати дневно ќе оперира, наутро во 06:30 ќе тргнува од Куманово, за да можат сите оние кои им е потребно за да дојдат во главниот град, дали е за работа, дали е за други потреби кои што ги имаат и истиот воз во 16:30 ќе се враќа назад кон Куманово и секако во обратна насока кон Скопје“, изјави Николоски.

На овој начин, како што рече, ќе се олесни комуникација за сите жители на Скопје кои што имаат потреба, работа или сакаат да го посетат Куманово, и секако ќе помногне на многу кумановци кои што доаѓаат тука, дали за работа, дали за образование, дали за здравствени потреби, административни потреби или едноставно доаѓат да поминат дел од своето слободно време.