Николоски: Годишниот извештај на американскиот Стејт департмент е реален!
„Годишниот извештај на американскиот Стејт департмент е реален и ја отсликува реалноста, она што го знаеме. Зборува за високо ниво на корупција, за нетранспарентност на Владата, за политизација на институциите кои треба да бидат независни, зборува за урнисаното судство и обвинителство, зборува генерално за лошата состојба со човековите права и со лошата состојба на владеењето на правото“.
Ова денеска го изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
„По толку големи забелешки секоја нормална власт би си поднела оставка и би побарала да го провери својот легитимитет на избори. За жал, кај овие не гледаме таква одговорност, но во следниот период многу побргу отколку што мислат ќе се случат предвремени парламентарни избори, на кои ќе се случат големи промени и Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ ќе воспостави функционален систем на владеење на правото и ќе го врати достоинството на македонското судство и обвинителство“ – истакна Николоски.
Тој уште еднаш го повтори ставот на неговата партија дека штрајкот на СОНК е оправдан и дека тоа што го бараат вработените во основното и средното образование и градинките е оправдано, бидејќи, според него, платите во овие дејности се под секое достоинство. Николоски додаде дека решение за зголемување на платите ќе поднесат во Собранието