Николоски: Врвот на криминалот допрва доаѓа, но здружно ќе одговараат!

„Претходно беше Рашковски, сега е Зеќири. Мислам дека токму овие два случаи ја покажуваат раскалашеноста и огромната комоција која што оваа владејачка клика на ДУИ и СДСМ ја чувствуваат“.

Ова меѓудругото вечерва на тв Алфа го изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Николоски вели дека со промена на власта и со ослободување на правосудните органи ќе има одговорност за сите криминални скандали и афери кои изминатиот период ги обелодениле пред јавноста, односно како што рече тој, по промена на власта кога ослободените судство и обвинителство и истражни органи ќе имаат можност да допрат до сите документи, до сите процедури и постапки во државните органи и ќе може соодветно да  ги истражат и најголем дел од индициите во јавноста ќе се потврдат.

„Мислам дека главните работи ќе се откријат кога ќе дојде промена на власта, односно мислам дека ова е само врвот на една голема ледена санта значи на една голема санта мраз низ која се движи океанот, и ова е тоа само што се гледа над површината на водата, а дека главното е под површината на водата. И тоа ќе се види по промена на власта кога ослободените судство и обвинителство и истражни органи ќе имаат можност да допрат до сите документи, до сите процедури и постапки во државните органи и ќе може соодветно да  ги истражат и мислам дека најголем дел од индициите во јавноста ќе се потврдат, на пример ние последно зборувавме за тоа како е возможно 27 милиони евра во РЕК Битола да се дадат во договор во четири очи без тендер и бројни други афери и скандали кои што сме ги ваделе во опозиција“ – рече Николоски.

Тој потенцира „врвот на криминалот допрва доаѓа“.