Во функција клучката Подмоље, дел од автопатот Кичево – Охрид

Решаваме уште еден горлив проблем на изградбата на автопатот Охрид - Кичево. Тоа е пуштањето во употреба на клучката Подмоље, што го спојува Охрид и Струга, но и две држави Македонија и Албанија. И тоа беше еден од наследените проблеми во минатото, истакна денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Решаваме уште еден горлив проблем на изградбата на автопатот Охрид – Кичево. Тоа е пуштањето во употреба на клучката Подмоље, што го спојува Охрид и Струга, но и две држави Македонија и Албанија. И тоа беше еден од наследените проблеми во минатото, истакна денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

– И тоа беше еден од наследените проблеми во минатото затоа што во реализацијата на овој проект претходната власт не работеше ништо. И тоа малку што го работеа, го работеа погрешно, па решија да ја срушат оваа клучка без да бидат решени имотно-правните односи, без да биде решена експропријацијата и клучката беше со години срушена, без можност да биде повторно изградена и да биде пуштена во функција, изјави Николоски, кој присуствуваше на увид на градежни активностои на патот од Климештани до Охрид заедно со премиерот Христијан Мицкоски и директорот на ЈПДП Коце Трајановски.

Со промената на владата и формирањето на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Мицкоски, како што нагласи, ова се реши, ги решивме имотно-правните односи, ги решивме сите административни проблеми кои што ни стоеја на патот.

– И веќе од денеска е функционална, што значи многу побрзо проток на луѓе и патници од Струга и од соседна Албанија кон Скопје, но исто така и многу побезбеден сообраќај, бидејќи ова беше точка каде што навистина имаше големи проблеми во минатото, рече Николоски.

За динамиката на изградба на патот, Николоски рече дека работат посветено.

– Во однос на динамиката на изградба на патот, ние сме на дневна основа, посветено работиме, директорот, јас сум тука секогаш кога можам. Премиерот будно следи и на дневна основа се координираме. Напредокот е добар, задоволни сме, имајќи ги предвид годините на застој, имаме добар напредок и за брзо време ќе имаме уште добри вести, најави Николоски.